Во услови на нестабилни цени на светските пазари, компанијата ОКТА одлучи да го продолжи попустот на горивата, овозможувајќи пониски цени за граѓаните и стопанството до крајот на месецот.
Станува збор за доброволна мерка која ќе важи до 30 април 2026 година, а се однесува на продажбата на дизел и бензини кон големопродажните и малопродажните трговци. Според одлуката, попустот за дизел останува 3 денари по литар, додека за бензините од 95 и 98 октани изнесува 2 денари по литар.
Од компанијата посочуваат дека иницијативата има за цел да помогне во ублажување на ценовниот притисок врз потрошувачите, но истовремено нагласуваат дека трговците имаат целосна слобода самостојно да ги формираат крајните продажни цени.
Останува да се види дали и во која мера овој попуст ќе се преслика врз цените на бензинските пумпи, со оглед дека конечната одлука сепак е во рацете на трговците.

















