(ФОТО) Пингпонгарите на „Борец-Тим“ повторно дел од турнирот во Алгеро

Пингпонгарскиот клуб Борец-Тим повторно е дел од големиот меѓународен турнир во Алгеро, Сардинија, кој од 8 до 10 мај се одржува во Италија, а велешките спортисти уште еднаш покажуваат дека знаат како достоинствено да го претстават Велес и Македонија на европска сцена.

Zito baner

Пингпонгарите на „Борец-Тим“ веќе втора година по ред настапуваат на овој престижен турнир, каде покрај спортските дуели, вистинско внимание привлекуваат и со атмосферата што ја создаваат во салата. Македонските знамиња, позитивната енергија и гласната поддршка од навивачите кои допатуваа од Велес, направија велешани да бидат едни од најзабележителните учесници на турнирот.

Agria

Турнирот во Алгеро важи за еден од попознатите меѓународни пингпонгарски собири во регионот, а велешките пингпонгари уште еднаш покажуваат дека со срце, енергија и спортски дух можат рамноправно да се носат со европската конкуренција.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: