Од полноќ цената на дизелот поскапува за 3,5 денари, додека цената на бензинот останува иста поради намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто. Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати со вклучена повластена стапка на додадена вредност од 10%, со што изврши усогласување со измените од Законот за данок на додадена вредност .
Цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат и остануваат 86,50 денари односно 88.50 денари. Цената на Еуродизелот се зголемува за 3,50 денари за литар и ќе изнесува 95,50 денари, дека на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 2,50 денари за литар и ќе изнесува 92 денари за литар. Цена на Мазутот се зголемува за 0,157 денари за килоград и сега ќе изнесува 47,610 денари.
Намаленото ДДВ треба да го смири растот на цените за 6 до 7 денари, најави премиерот. Според него, дневна заштеда на граѓаните од намалениот данок на додадена вредност е околу 200.000 евра, односно околу 1,5 милиони евра неделно треба да останат кај населението.
















