Последно коло, големи математики, Борец Баскет во игра за подобар пласман

Mega Basket Borec Basket

Викендот што следува носи разврска која долго се навестуваше, последното, осмо коло од ТОП 8 фазата ќе ги исцрта полуфиналните двојки за плеј-офот во Првата македонска лига. Во фокусот е и Борец Баскет, кој иако не зависи само од себе, сè уште е во игра за повисока стартна позиција.

Познати се четирите екипи кои ќе се борат за место во елитната суперлигашка конкуренција, но дилемата останува, кој против кого во полуфиналето? Во моментов, лидерската позиција ја делат Струмица 2001 и Соколи 1933, додека Бутел и Борец Баскет заостануваат со победа помалку. Токму затоа, сценариото за велешани е јасно, но не и едноставно. За да се надеваат на скок на табелата, потребни се киксови на директните конкуренти, но и сигурна победа на избраниците Ангел Љутков на гостувањето во Прилеп. Во спротивно, ќе мора да се задоволат со пониска позиција и потежок пат кон финалето.

Agria

Саботната програма ќе понуди дел од одговорите. Од 17 часот, Борец Баскет гостува кај Мега Баскет во натпревар кој може да биде клучен за амбициите на велешкиот состав. Победа е императив, а секој друг исход би значел губење чекор во најважниот момент од сезоната.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: