Потпишан Колективен договор со етапно покачување на платите во администрацијата

administracija

Независниот синдикат на државната администрација на Македонија денеска соопшти дека во Министерството за економија и труд е потпишан нов Колективен договор со кој е планиран раст на платите на административните службеници во етапи со вкупното покачување кое ќе достигне 21% до 2028 година.

Според договореното, платите на административните службеници во Министерството ќе се зголемуваат етапно во следните три години, и тоа 7% зголемување од 1 март 2026 година, дополнителни 7% од 1 март 2027 година и
уште 7% зголемување од 1 март 2028 година.

Agria

Од синдикатот истакнуваат дека е неопходна рамнотежа на платите меѓу јавниот и приватниот сектор и дека државата мора да создаде деловна клима што ќе му овозможи и на приватниот сектор да го следи трендот на раст.

-Силната економија се потпира на два столба: задоволен работник во приватниот сектор и ефикасен службеник во јавната администрација – наведуваат од синдикатот.

Покачувањето на платите, според нив, подразбира и зголемена одговорност кај службениците, при што фокусот во наредниот период ќе биде ставен на бескомпромисно спроведување на законите и подзаконските акти, професионализација на органите на управата и обезбедување администрација која е сервис, а не бариера за граѓаните и бизнисите.

Од синдикатот додаваат дека реформите ќе продолжат со цел создавање достоинствени услови за работниците и воспоставување ред и ефикасност во институциите.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: