Доналд Трамп му постави ултиматум на Иран и се закани дека ќе ги уништи неговите електрани ако во рок од 48 часа не го отвори Ормускиот Теснец, што претставува значајна ескалација ден откако кажа дека САД планираат намалување на воените операции.
„Доколку Иран не го отвори целосно, без закана, Ормускиот Теснец во рок од 48 часа од овој момент, САД ќе ги нападнат и ќе ги уништат нивните електрани, почнувајќи прво од најголемата!“, напиша Трамп на социјалните мрежи еден час по полноќ по средноевропско време.
Ако Трамп ги оствари своите закани, американските напади ќе се прошират на инфраструктурата која влијае врз секојдневните животи на Иранците.
Штабот на иранската воена команда Хатам ал-Анбија соопшти дека доколку САД ја нападне иранската енергетска инфраструктура, Иран ќе возвраати со напади врз американските постројки за енергетика, информатичка технологија и десалинизација во регионот.
Трамп и порано овој месец ја покрена идејата за уништување на електричната мрежа на Иран.
„Можеме да го растуриме нивниот електричен капацитет во рок од еден час, а ќе им требаат 25 години за да го обноват. Но, нема да го правиме тоа“, рече Трамп на 11 март.
















