Денеска во земјава ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат од минус три до три степени, додека максималните дневни ќе бидат меѓу девет и 16 степени.
Во следните денови продолжува периодот на променливо облачно време со сончеви интервали. На почетокот на новата седмица се очекуваат услови за повремени локални врнежи од дожд.

















