Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во одредени делови од земјата ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе биде од шест до 11 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 23 степени.
И во Велес времето денеска ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 10 степени наутро до 23 во текот на денот.

















