Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната од 11 до 15 степени.
Во Велес, времето претпладне ќе биде облачно, а попладне ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.

















