Времето денеска ќе биде променливо облачно. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од минус два до пет, а максималната ќе достигне од девет до 15 степени.
Во вторник и во среда ќе преовладува стабилно време. Во четврток ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), а од крајот на денот под влијание на влажен бран на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд.
Во петок локално врнежите ќе бидат пообилни, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

















