Според прогнозата на УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови се очекува повремен локален дожд, а можна е и изолирана појава на краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во западните делови повремено и засилен ветер од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Велес, променливо облачно. Попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.

















