Екипата на ФК Превалец продолжува со походот кон првата позиција, откако на гостински терен го совлада незгодниот состав на ФК Росоман-83 со убедливи 0:2.
Гостите одиграа дисциплиниран и зрел натпревар, покажувајќи зошто важат за еден од главните кандидати за врвот во Третата лига Југ. Отпорот на домашниот тим беше скршен со головите на Антонио Чоков во 11. минута и Давид Спиридонов во 53. минута, со што Превалец мирно го приведе мечот до крај.
Со оваа победа, Превалец ја продолжува трката за лидерската позиција која ја загуби по есенскиот дел од сезоната. По 19 одиграни кола, тимот се наоѓа на втората позиција со освоени 43 бода, оставајќи јасна порака дека борбата за првото место допрва ќе се разгорува.
















