Сончево и топло време најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Утринската температура ќе биде од еден до осум Целзиусови степени, а дневната во интервал од 16 до 26 степени.
Во Велес времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде од пет степени наутро до 25 во текот на денот.

















