Сончево со мала до умерена облачност

Сончево време со мала до умерена облачност е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе биде од минус три до седум Целзиусови степени, а дневната од 10 до 20 степени.

Agria

Во Велес, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од три степени наутро до 18 во текот на денот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: