Стојанче Јовановски на 30 март седнува на обвинителна клупа за смртта на сопругата и ќерката

На 30 март започнува судењето за Стојанче Јовановски, сопругот на Ивана Јовановска, која со 6-годишната ќерка скокна од балкон во скопската населба Карпош.

Јовановски е обвинет за телесни повреди како продолжено семејно насилство, загрозување на сигурноста и помагање во самоубиство. Според обвинението, тој подолг период ја малтретирал Ивана психички и физички, заканувајќи ѝ се дека ќе ја избрка и ќе ѝ го одземе детето. Кобниот ден, по нов бран насилство и закани, таа се вратила во станот за да се спакува и да замине, но, според обвинението, психичката состојба во која се наоѓала довела до трагичниот чин.

Agria

Јовановски во моментов се наоѓа во притвор.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: