Полицијата уапси пет лица, од кои четири се малолетници, за лажните дојави за бомби во тетовските училишта, информира Министерството за внатрешни работи.
Од таму апелираат до родителите итно да преземат соодветни мерки за контрола врз своите деца.
„Потребно е максимално внимание и превенција за да се спречи какво било понатамошно појавување на вакви појави кои ја вознемируваат јавноста и го нарушуваат безбедносниот систем. СВР Тетово нема да толерира никакви обиди за загрозување на безбедноста на учениците и граѓаните. Во случаи на идни вакви дејствија ќе се преземаат најстроги законски мерки против сторителите, но и против родителите за занемарување на должноста за надзор“, велат од МВР.
Додаваат дека ќе се иницираат и педагошки и социјални мерки во тесна соработка со образовните институции и Центрите за социјална работа

















