Форца Нова ја „запечати“ титулата – седумка за шампионски крај, ветеранот Тони Тонев хит на колото

Со одигрувањето на последното 14. коло во Општинската фудбалска лига Велес, падна и конечната одлука за шампионската титула – таа заслужено заврши во рацете на Форца Нова. Новиот првак испрати јасна порака до конкуренцијата, декласирајќи го Согле со убедливи 7:2 во натпревар без резултатска неизвесност.

Форца Нова доминираше од самиот старт, а головите се редеа како на лента. Трајков погоди двапати уште во раната фаза, Картинов се надоврза, а Пекоски со два гола ја запечати судбината на противникот. Во листата на стрелци се запишаа и Петровски и Гошов, за комплетен шампионски перформанс. За Согле, поразот го ублажија Димовски и Велковски, но тоа беше далеку од доволно.

Agria

Во вториот натпревар од колото, Тим Локомотива 2018 славеше сигурна победа од 5:1 против Горски. Иако резултатот беше во втор план, вниманието го привлече стрелецот на единствениот гол за Горски – 58-годишниот Тони Тонев, кој покажа дека фудбалската страст не познава години и стана вистинска приказна на колото.

Денеска треба да се одигра и натпреварот меѓу Младост и Раштани, но истиот нема да има никакво влијание врз конечниот пласман.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: