19 години без Тоше Проески, неговите песни и споменот за него продолжуваат да живеат

На денешен ден, 16 октомври, се навршуваат 19 години од трагичната смрт на Тоше Проески, еден од најсаканите македонски пејачи, чиј глас и музика оставија неизбришлива трага во Македонија и на Балканот. Имаше само 26 години кога во 2007 година го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, на пат кон Загреб.

Zito baner

Речиси две децении подоцна, споменот за Тоше и понатаму живее преку неговите песни, кои и денес ги пеат генерации обожаватели, но и преку бројните иницијативи со кои неговите почитувачи ја чуваат неговата музичка и човечка оставштина.

Agria

Во негова чест и оваа година се одржува традиционалниот маратон од Нова Градишка до Крушево. Четиринаесет маратонци тргнаа на пат за да му оддадат почит на пејачот. Во Хрватска треба да истрчаат околу 200 километри, по што патувањето ќе го продолжат со возила низ Србија. По влегувањето во Македонија, македонските маратонци ќе истрчаат уште околу 220 километри до Крушево.

Крајната дестинација е Гумење во Крушево, каде што почива Тоше Проески. Маратонот со години претставува симбол на љубовта, почитта и благодарноста кон пејачот кој не беше сакан само поради својот глас и музика, туку и поради скромноста, човечноста и хуманоста.

И по 19 години, Тоше останува дел од колективното сеќавање, а неговите песни продолжуваат да потсетуваат на уметникот кој остави белег што времето не успева да го избрише.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: