30 поени од Јанг за нова победа на Борец Баскет

Борец Баскет останува во трката за првото место откако без поголеми проблеми славеше убедлива победа против прволигашот од Охрид од 91:73 во рамки на Топ 8 разигрувањето.

Иако гостите подобро го отворија натпреварот и првиот период го добија со 20:19, велешани брзо ги консолидираа редовите и ја преземаа иницијативата. До полувремето избраниците на тренерот Ангел Љутков успеаја да обезбедат предност од 40:37, најавувајќи целосен пресврт во продолжението.

Agria

Клучната разлика беше направена во третиот период, кога Борец додаде уште десет поени во своја корист и поведе со убедливи 63:50, практично решавајќи го победникот.

Централна фигура на натпреварот беше новото засилување од САД, Зион Јанг, кој одигра маестрална партија и постигна 30 поени, носејќи го тимот кон нов триумф. Неговиот учинок беше пресуден во моментите кога се кршеше резултатот. Поддршка доби од Штерјов со 13 поени, како и од Несторовски и Сапроновски кои додадоа по 12.

Кај охриѓани, Кузманоски беше најефикасен со 16 поени, додека Димитриевски и Челик реализираа по 13, но тоа не беше доволно да се спречи расположената велешка машина. За одбележување е инцидентот кој се случи на гостинската клупа, кога на еден тајм аут во втората четвртина имаше физичка пресметка помеѓу двајца соиграчи на Охрид.

По две одиграни кола во Топ 8 фазата, Борец Баскет има максимален учинок – две победи од два натпревари и се наоѓа во групата од четири екипи на врвот со скор од 5 победи и 3 порази. Во следното коло велешани ќе гостуваат кај Вардар, во дуел кој може дополнително да ја засили нивната позиција во битката за лидерската позиција.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: