Аца Лукас приведен во Кавадарци поради настап без дозвола

Српскиот турбо-фолк пејач Аца Лукас бил приведен во Кавадарци, откако полициските служби утврдиле дека настапувал без потребна дозвола. Акциската контрола ја спровеле полициски службеници од ОВР Кавадарци, криминалистичката полиција од СВР Велес, инспектор за странци од Регионалниот центар за гранични работи Југ, како и УЈП, Државниот пазарен инспекторат и Инспекторатот за труд.

„На 22.11.2025 во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа А.В. (57) од Република Србија. При вршење на акциска контрола во угостителски објекти на подрачје на Кавадарци, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци, Одделение за криминалистички работи при СВР Велес, инспектор за странци од Регионален центар за гранични работи Југ, заедно со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Управа за јавни приходи, било констатирано дека во угостителски објект во Кавадарци А.В. настапувал без потребната дозвола. Против А.В е поднесена прекршочна пријава по член 217 став 1 точка 2 од Законот за странци, а од страна на Основен суд Кавадарци му била изречена парична казна“, рече Билјана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Agria

Инспекциите регистрирале и други прекршоци во истиот локал, меѓу кои неиздавање фискални сметки, прекршување на Законот за пушење, како и прекумерен број гости во објектот.

„При контролата во истиот угостителски објект констатирани се прекршоци од страна на УЈП за неиздавање на фискална сметка, прекршок согласно Закон за пушење, a од страна на ДПИ е констатирано дека во објектот се присутни поголем број на гости од дозволениот број, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи во соработка со другите надлежни институции, ќе продолжи и во наредниот период со зајакнати акциски контроли на територијата на целата држава, со цел санкционирање на било какво кршење на законите.“, додаде Ѓаковска.

Аца Лукас во декември треба да одржи голем концерт во Скопје.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: