Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја информира јавноста дека, врз основа на информации од европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), превентивно се повлечени од пазарот одредени серии формули за доенчиња од брендот Аптамил.
Итна инспекциска контрола кај увозникот покажала дека производите веќе се повлечени од продажба и се извршено нивно отповикување. Повлекувањето се однесува на ограничен број серии кај кои постои можност за присуство на цереулид.
Опфатени производи:
APTAMIL AR 2
20250924 / 111492248 – рок 24.09.2026
20251106 / 111505015 – рок 06.11.2026
APTAMIL PRONUTRA 2
20250619 / 111450979 – рок 19.06.2026
20260720 / 111470149 – рок 20.07.2026
20260922 / 111494041 – рок 22.09.2026
20261027 / 111509436 – рок 27.10.2026
20261130 / 111518857 – рок 30.11.2026
20261219 / 111526365 – рок 19.12.2026
20270121 / 111539141 – рок 21.01.2027
APTAMIL PRONUTRA 1
20260722 / 111473082 – рок 22.07.2026
20260904 / 111489543 – рок 04.09.2026
20261014 / 111504828 – рок 14.10.2026
20261126 / 111519122 – рок 26.11.2026
АХВ апелира до потрошувачите кои поседуваат производи од наведените серии да не ги користат, да ги уништат на безбеден начин или да ги вратат на местото на купување.
Соопштението е дел од мерките за заштита на здравјето на доенчињата и превенција од можни ризици.

















