Македонија влегува во период на екстремно студено и нестабилно време, откако во наредните денови се очекува силен продор на ладен воздушен бран од север. Според најавите, овој процес ќе доведе до формирање на секундарен циклон над Југоисточна Европа, кој ќе донесе обилни врнежи, силен ветер и нагло опаѓање на температурите.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од минус девет до минус два, а максималната ќе достигне од три до девет степени.
Во Велес, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус шест, а максималната ќе достигне до четири степени.





































