Башкими го отвора второто коло, Превалец и Борец 1919 во потрага по бодови

Екипата на Башкими од Горно Јаболчиште утре ќе го отвори второто коло во Третата фудбалска лига – регион 4. Во населба Чашка, со почеток од 16 часот, Башкими ќе ги одмери силите со Победа од Пепелиште.

Zito baner

По поразот во првото коло од минатогодишниот второлигаш Големо Коњари, тимот од Горно Јаболчиште ќе има можност да стигне до првите бодови во новата сезона. Победа, пак, во првото коло го совлада Питу Гули со 3:0.

Agria

Во недела на терен ќе излезат и двете велешки екипи. Превалец на домашен терен ќе ја пречека екипата на Ултрас, во натпревар во кој велешани ќе се обидат да стигнат до првата победа сезонава. Средбата започнува во 16 часот. Во истиот термин, Борец 1919 ќе гостува во Крушево кај Питу Гули. По успешниот старт и победата во првото коло, велешкиот состав ќе се обиде да ја продолжи победничката серија и од гостувањето да се врати со нови три бода.

Второто коло носи нови предизвици за велешките претставници, а борбата за бодови во Третата фудбалска лига – регион 4 продолжува уште на самиот почеток од сезоната.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: