Башкими на чекор до Купот на Македонија, но прво мора преку Венец

Комисијата за натпревари на Третата лига – Југ го одреди единствениот натпревар по кој ќе бидат познати двата претставника на лигата во 1/16-финалето од Купот на Македонија за сезоната 2026/27. Ждрепката беше наклонета кон претставникот на прилепскиот регион, Влазними Јуниор, кој обезбеди директен пласман во следната фаза од најмасовното фудбалско натпреварување во државата.

Zito baner

За разлика од нив, претставникот на велешкиот регион, Башкими од Горно Јаболчиште, ќе мора да одигра дополнителен натпревар за да обезбеди место меѓу 32-те екипи во Купот. Противник на Башкими ќе биде Венец од Долни Дисан.

Agria

Средбата е закажана за в недела со почеток од 17 часот, а конечната одлука за местото на одигрување сè уште не е донесена. Како можни домаќини се споменуваат стадионите во Росоман и Кавадарци.

Победникот од овој натпревар ќе го комплетира списокот на претставници од Третата лига – Југ во 1/16-финалето на Купот на Македонија за сезоната 2026/27.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: