Ниту многуте засилувања пред почетокот на сезоната не му донесоа резултат на Башкими од Горно Јаболчиште, кој го претрпе и вториот пораз во првенството. Башкими на домашен терен загуби од Победа од неготинското село Пепелиште со 1:2.
Гостите поведоа во 17. минута преку Денис Мемков, а предноста ја удвои Марко Младеновиќ во 71. минута. Конечните 1:2 ги постави Јосиф Манасиев во 90. минута, реализирајќи пенал.
Во следното коло Башкими го очекува уште еден тежок натпревар. Тимот од Горно Јаболчиште ќе гостува на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес, каде ќе се соочи со минатогодишниот шампион на лигата, Борец 1919.






















