Башкими преку Тополка до регионалните квалификации за Купот на Македонија

Екипата на Башкими од село Горно Јаболчиште е новиот претставник на ОФС Велес, откако денеска во населбата Превалец славеше во финалниот натпревар против Топлка со резултат 2:1.

Zito baner

Фудбалерите на Башкими одлично го отворија натпреварот и уште во првата минута поведоа преку Арифов Кадир за 0:1. Топoлка успеа да се врати во игра во 25. минута кога Јован Димитров го израмни резултатот на 1:1.

Agria

Кога се очекуваше натпреварот да замине во неизвесна завршница, Емин Ерман во 87. минута постигна погодок носејќи голема радост за тимот од Горно Јаболчиште.

Со оваа победа, Башкими се стекна со право да се бори за место во националниот Куп на Македонија, кој ќе започне на стартот од следната фудбалска сезона. Во квалификациите, велешкиот претставник ќе се соочи со екипите кои ќе ги претставуваат ОФС Кавадарци, ОФС Неготино и ОФС Прилеп, по што ќе биде познат и претставникот на регионот од Третата фудбалска лига – Југ.

Инаку, Башкими и минатата сезона настапи во првото коло од Купот на Македонија, каде беше поразен од екипата на Детонит Плачковица со 4:1.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: