Фудбалерите на Башкими од Горно Јаболчиште одиграа нерешено 1:1 на гостински терен против екипата на Бучин, во натпревар од 3. коло во Третата македонска фудбалска лига – Југ.
Гостите први го отворија резултатот во 68. минута преку Арлинд Јашари, кој со прецизен удар од слободен удар ја затресе мрежата на домаќините и донесе водство за Башкими. Сепак, радоста на гостинските навивачи траеше кратко, само девет минути подоцна, во 77. минута, Бучин возврати преку Виктор Глушески, кој го постави конечниот резултат.
Со ова реми, и двете екипи освоија по еден бод, а Башкими продолжува со солидни настапи на почетокот од сезоната.