Од ноќеска на полноќ бензините се поевтини за два денара, додека цената на дизел горивото остана непроменета, соопшти Регулаторна комисија за енергетика. Новите цени ќе важат од денес 19 декември.
Според одлуката, максималната малопродажна цена на моторниот бензин Еуросупер БС-95 ќе изнесува 71 денар за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 73 денари за литар. Цената на дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) останува 66,50 денари за литар, а екстра лесното масло за горење ЕЛ-1 ќе се продава по 65,50 денари за литар. Мазутот М-1 НС ќе има цена од 32,635 денари за килограм.
Од Регулаторната комисија појаснуваат дека станува збор за максимални цени и дека трговците на големо и мало имаат можност да ги формираат цените и на пониско ниво од утврдените.

















