Безбедно отстранета опасна карпа на автопатот Скопје – Велес по пријава на граѓани

Во успешна акција денеска е отстранета опасна карпа која претставуваше потенцијална закана за возачите на автопатот Скопје-Велес. Интервенцијата е резултат на пријава од граѓани до Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку Единствениот повикувачки број 112, во рамки на кампањата “Пријави опасност”.

Распуканата карпа се наоѓаше пред првиот (Катлановски) тунел на автопатот, конкретно на делницата Катланово-Велес на километар 46+800, пред тунелот познат како “Солишта” над реката Пчиња.

Agria

Веднаш по пријавата, Секторот за операции и координација при ЦУК ги активираше надлежните служби. Акцијата беше координирана и реализирана од ЈП за државни патишта и ЈП “Македонијапат” за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта.

Стручните екипи успешно извршија контролирано рушење на опасната карпа, по што следеше целосно отстранување на материјалот од автопатот. Со оваа интервенција е елиминирана потенцијалната опасност по животот на патниците и возачите, како и по материјалните добра на оваа фреквентна делница.

Оваа акција претставува уште една потврда за ефикасноста на кампањата “Пријави опасност” што ја спроведува ЦУК, како и за важноста на граѓанската ангажираност во превенцијата на несреќи.​​​​​​​​​​​​​​​​

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: