Биткоинот со историски најголема вредност, за првпат надмина 120.000 долари

bitkoin

Биткоинот за првпат во историјата надмина вредност од 120.000 долари, што претставува важна пресвртница за најголемата криптовалута во светот, бидејќи инвеститорите се потпираат на долгоочекуваните политички потези во корист на индустријата што се очекуваат оваа недела.

Почнувајќи од денеска, Претставничкиот дом на САД ќе дебатира за серија закони што треба да ѝ обезбедат на дигиталната индустрија регулаторна рамка што долго време ја бара.

Agria

Овие предлози наидоа на одобрение од американскиот претседател Доналд Трамп, кој се нарече себеси „крипто претседател“ и ги повика пратениците да ги променат регулативите во корист на индустријата.

Овој замав, што доведе до пораст на биткоинот за 29 проценти од почетокот на годината, поттикна поширок раст на другите криптовалути во последните недели, и покрај хаотичните трговски тарифи на Трамп.

Етерeумот, втората најголема криптовалута по пазарна капитализација, денес го достигна своето највисоко ниво за повеќе од пет месеци – 3.048,23 долари.

Вкупната пазарна вредност на секторот порасна на околу 3,78 трилиони долари, покажуваат податоците од CoinMarketCap.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: