Благој Гугинов триумфираше на Европскиот куп во Обервилах

Младиот македонски репрезентативец Благој Гугинов од ККК „Арка-Борец“ оствари нов значаен успех на меѓународната сцена, откако го освои првото место во јуниорска конкуренција на денешниот натпревар од Европскиот куп во кајак спуст, одржан на реката Moll во Обервилах.

Zito baner

Гугинов беше најдобар меѓу 25 натпреварувачи од девет европски земји, со што уште еднаш го потврди својот квалитет и потенцијал во оваа дисциплина.

Agria

Овој резултат доаѓа по одличниот настап на Гугинов на натпреварот во Грандтали, Шкотска, каде што македонскиот репрезентативец обезбеди пласман во големото финале и заврши на деветтото место во Европа во јуниорска конкуренција.

Во сениорска конкуренција, македонскиот претставник Љубомир Спасиќ го освои 17. место од вкупно 33 натпреварувачи. Успесите на Гугинов и Спасиќ се уште една потврда за континуираниот развој на македонскиот кајак спуст и успешното претставување на македонските натпреварувачи на меѓународните натпревари.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: