Бобан Илиоски ја одбрани светската титула во кик-бокс

Најдобриот македонски спортист за 2024 година, Бобан Илиоски, оствари уште еден фантастичен успех откако ја одбрани светската титула во кик-бокс, славејќи над францускиот борец Кадри Мурсели.

Zito baner

Борбата што се одржа во Женева мина во доминација на Македонецот, кој во голем стил го одбрани трофејот, за уште една потврда дека е најдобар во овој спорт во својата категорија.

Agria

Илиоски до појасот во ВАКО-Про до 88,6 килограми во категоријата К1, дојде и втора година по ред, откако минатата година во Скопје славеше над Турчинот, Берк Дузенли.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: