Фудбалскиот клуб Борец 1919 АД од Велес го објави распоредот на контролните натпревари кои ќе ги одигра во текот на зимските подготовки за претстојниот дел од сезоната.
Велешани ќе го одиграат првиот контролен натпревар на 25 јануари против екипата на Аресими. Овој дуел ќе биде добра можност за стручниот штаб да ги провери новите засилувања и да ја тестира формата на играчите по зимската пауза.
На 5 февруари е закажан вториот контролен натпревар против екипата на Скопје, додека третиот и последен подготвителен меч е закажан за 8 февруари против Слога од Виница.
Пролетниот дел од Втората фудбалска лига започнува на 15 февруари, а Борец 1919 на првиот натпревар гостува кај екипата на Башкими која се наоѓа на третата позиција со 32 освоени бода.