Борец 1919 не го скрши отпорот на Росоман

Фудбалерите на Борец 1919 не успеаја да го скршат отпорот на Росоман и на домашен терен одиграа реми без голови (0:0). Велешани имаа иницијатива и притискаа во текот на целиот натпревар, но не најдоа начин да ја затресат противничката мрежа. Гостите, пак, ја чекаа својата шанса преку контранапади.

Zito baner

И двата тима имаа можности да стигнат до трите бода, но недостигот на прецизност во завршницата придонесе натпреварот да заврши без голови, со поделба на бодовите.

Agria

По пет одиграни кола, Борец 1919 се наоѓа на втората позиција на табелата со 11 бода, четири помалку од лидерот ГФК Победа.

Токму против прилепчани велешани ќе ги одмерат силите во наредното коло, во дербито што ќе се одигра во Прилеп. Ова ќе биде важен натпревар за Борец, кој ќе има можност да ја намали бодовната разлика и да се врати во трката за врвот на табелата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: