Во просториите на Фудбалска федерација на Македонија денеска беа извлечени двојките за бараж натпреварите за пласман во Втората фудбалска лига. Ждрепката одлучи велешки ФК Борец 1919 во клучниот натпревар за влез во второлигашкото друштво да се соочи со ФК Кожуф.
Натпреварот е закажан за 30 мај со почеток од 16:30 часот, додека местото на одигрување дополнително ќе биде одредено.
Велешани до баражот стигнаа како шампиони на Третата фудбалска лига – Југ, зад себе оставајќи успешна сезона и амбиции за камбек во Втората лига. Од друга страна, Кожуф во баражот влегува како деветопласирана екипа од второлигашката конкуренција.
За Борец 1919 ова ќе биде натпревар со огромен влог и можност клубот повторно да се врати меѓу второлигашите, што би претставувало значаен спортски момент за Велес и навивачите на клубот.
Во останатите натпревари се среќаваат, Тетекс – Влазними, Каменица Саса – Еуромилк ГЛ и Камењани – Победа Валандово.

























