Борец 1919 убедлив на гости, Превалец доминираше во дербито, Башкими и Тополка ги поделија бодовите

Во рамките на шестото коло од Третата фудбалска лига-Југ се одиграа возбудливи натпревари исполнети со многу голови и изненадувања.

На гостински терен, составот на Борец 1919 оствари висока победа против Ултрас со убедливи 5:2. Фудбалерите на Борец уште еднаш ја покажаа својата офанзивна моќ – Илхан Имеров се запиша двапати во листата на стрелците (30’, 62’), а по еден гол постигнаа Дејан Стефановски (39’), Теодор Мирчевски (57’) и Марко Јанковски (89’). За домашните, головите на Бобан Тошески (75’) и Христи Мицевски (85’) беа само утеха.

Agria

Во дербито одиграно во Превалец, домашниот состав на Превалец го декласираше тимот на Росоман со убедливи 6:1. Иако гостите поведоа рано преку Бојан Миланов (7’), потоа следеше вистински потоп. За Превалец погодија Јосиф Манасиев (24’, 71’), Александар Јордановски (38’), Давид Спиридонов (65’), Кристијан Маневски (83’) и Александар Крстевски (85’).

Во Чашка, пак, натпреварот помеѓу Башкими и Тополка заврши без голови – 0:0, па двата тима мораа да се задоволат со по еден бод.

По шест одиграни кола, Борец 1919 е лидер на табелата со 15 бодови, додека Превалец и Пити Гули се веднаш зад него со по 13 бодови и натпревар помалку.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: