Борец 1919 убедлив во Кривогаштани, петарда против Младост

Фудбалерите на Борец 1919 забележаа убедлива гостинска победа над Младост од Кривогаштани, славејќи со високи 5:1 и остануваат во трката за есенскиот трон во Третата лига – Југ.

Јунак на натпреварот беше Имеров Илхан, кој постигна четири погодоци – во 8, 19, 75 и 85 минута, демонстрирајќи одлична голгетерска форма. Во листата на стрелци за велешани се запиша и Мирчевски Теодор, кој во 41. минута го зголеми водството. Домашниот тим до почесниот погодок стигна во 71. минута преку Чешелковски Александар.

Agria

На едно коло до крајот на есенскиот дел, Борец 1919 останува на втората позиција со 28 бода – ист колку и лидерот Превалец, но со послаба гол-разлика. Во последното есенско коло, велешани на домашен терен го пречекуваат Бучин, во обид да ја завршат полусезоната на врвот.



Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: