Борец 1919 убедливо поразен во Прилеп

Фудбалерите на Борец 1919 од Велес доживеаја убедлив пораз од 4:0 на гостувањето кај лидерот ГФК Победа во Прилеп, во дербито од 6. коло во Третата фудбалска лига – регион 4.

Zito baner

Домашниот состав ја оправда фаворитската улога и уште во првото полувреме го реши прашањето на победникот. Мартин Ниновиќ двапати ја затресе мрежата на велешани, во 13. и 31. минута, за водство од 2:0 на полувремето.

Agria

Во вториот дел, Иса Цанески во 54. минута зголеми на 3:0, а конечните 4:0 ги постави Даниел Карчески во 65. минута.

Со овој пораз, Борец 1919 не успеа да му се доближи на лидерот од Прилеп, а во следното коло велешани ќе имаат можност да се вратат на победничките патеки на домашен терен, каде што ќе го пречекаат составот на Влазними Јуниор.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: