Борец Баскет со нова убедлива победа, Сопроновски постигна 24 поени

Борец Баскет продолжува со максимален ефект во новата сезона на Првата македонска кошаркарска лига. Во второто коло, на условно домашен терен во Штип, велешкиот тим убедливо го совлада Младинец со 95:56.

Zito baner

Сопроновски беше најефикасен во редовите на Борец Баскет со 24 поени. Захариев постигна 15, Коцевски 14, а Андов го заврши натпреварот со 13 поени.

Agria

Со оваа победа, Борец Баскет потврдува дека и со помладен состав може да парира и да ги зголеми амбициите и во продолжението од првенството, откако сезоната ја започна со две победи во првите две кола.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: