Борец Баскет со убедлива победа си го завери билетот за плеј-офот

Со убедлива победа над екипата од Свети Николе од 96:71, кошаркарите на Борец Баскет ја заокружија првата фаза од првенството и стигнаа до скор од девет победи и три порази, идентичен со оној на директната конкуренција во групата „Б“ – Струмица ФМП, Соколи 1933 и Бутел.

Со овој триумф, велешани обезбедија место меѓу осумте најдобри екипи во лигата и ќе играат во втората фаза, каде ќе се води битка за пласман во Супер лигата. Во ТОП 8 друштвото се и четирите најуспешни екипи од групата „А“ – Вардар Скопје, Мега Баскет Прилеп, Водно Санс Скопје и Охрид, како и најдобрите четири од групата „Б“ – Струмица ФМП, Соколи Штип, Бутел Скопје и Борец Баскет Велес.

Agria

Во салата „Гемиџии“, најискусниот во редовите на домашниот тим беше и најрасположен поединец. Штерјов одигра одличен натпревар и го заврши со 28 поени. Значаен придонес во победата дадоа и Елис, за кого ова беше последен натпревар во дресот на Борец Баскет со 15 поени, Коцевски со 14, како и Несторовски со 13 поени.

Кај гостите од Свети Николе, најефикасен беше Стерјовски со 15 поени, Николовски постигна 14, а Здравковиќ додаде 10 поени. Денеска во Кошаркарската федерација на Македонија ќе се одржи ждрепката, по која ќе биде познат распоредот за првото коло од плејофот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: