Борец чекори сигурно во плеј-офот, Универзитет падна со чисти 3:0

Уште една убедлива победа забележаа одбојкарите на Борец, кои во третото коло од плеј-офот славеа максимално против екипата на Универзитет од Тетово со 3:0 во сетови. Велешани доминираа во текот на целиот натпревар и без поголеми проблеми ги решија сетовите со 25:11, 25:18 и 25:18.

Со сигурна игра и јасна контрола на настаните на теренот, Борец уште еднаш ја потврди добрата форма во плеј-оф фазата, освојувајќи нови значајни бодови во борбата за врвот на табелата.

Agria

По ова коло, велешани остануваат на втората позиција на табелата, а веќе следниот викенд ги очекува сериозен предизвик – гостување кај лидерот на шампионатот, екипата на Штип УГД, во дуел кој може да има големо влијание врз понатамошниот тек на плеј-офот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: