Борец го доби дербито со Струмица, велешани се зацврстија на второто место

ГОК Борец Велес со максимални 3:0 (25:22, 25:20, 25:23) го доби дербито против Струмица во рамките на петтото коло од плејофот во Првата лига мажи, испраќајќи јасна порака дека сериозно атакува на самиот врв.

Велешкиот состав имаше контрола врз резултатот во најголемиот дел од натпреварот, но триумфот не дојде лесно. Гостите од Струмица постојано беа во игра и не му дозволија на Борец ниту за момент да се опушти. Натпреварот понуди квалитетна одбојка, долги разигрувања и неколку резултатски пресврти што ја кренаа публиката на нозе.

Agria

Најдраматично беше во третиот сет, кога Струмица поведе со 21:23 и беше на чекор до продолжување на мечот. Сепак, во клучните моменти Борец покажа карактер и смиреност, врза четири поени по ред и со 25:23 го затвори сетот – а со тоа и целиот натпревар.

Со оваа победа, велешани го запишаа својот нов важен триумф во плејофот и се зацврстија на втората позиција на табелата со 38 бода. Струмица, пак, го претрпе четвртиот пораз сезонава.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: