Борец ја одбрани титулата на Детскиот фудбалски турнир 2026, Осогово поразено во финалето по пенали

Екипата на Борец успешно ја одбрани шампионската титула на Детскиот фудбалски турнир 2026, откако во драматичното финале го совлада Осогово од Крива Паланка по изведување пенали и уште еднаш се искачи на победничкиот пиедестал.

Zito baner

Завршницата на турнирот, кој цела недела се одржуваше на спортскиот терен во Градскиот парк во Велес, донесе возбудливи натпревари, многу голови и одлична атмосфера. Турнирот, организиран од Општина Велес во соработка со фудбалскиот тренер Панче Нанев, привлече големо внимание од љубителите на детскиот спорт и младинскиот фудбал.

Agria

Во првото полуфинале, Борец убедливо го совлада Њу Старс со 3:1 и обезбеди место во големото финале. Во вториот полуфинален натпревар, Осогово од Крива Паланка беше подобар од Тополка со 5:1.

Натпреварот за третото место донесе неизвесна борба меѓу Њу Старс и Тополка. По израмнетата игра, победникот беше решен на пенали, каде што Њу Старс славеше со 3:2 и го освои третото место на турнирот.

Во финалниот дуел, Борец и Осогово одиграа неизвесен натпревар во кој немаше победник во регуларниот дел, па шампионот беше одлучен по пенал рулетот. Поголема присебност покажаа младите фудбалери на Борец, кои триумфираа со 2:0 на пенали и ја одбранија титулата освоена минатата година.

Со свеченото доделување на пехарите и медалите беше спуштена завесата на уште едно успешно издание на Детскиот фудбалски турнир, кој и годинава потврди дека претставува еден од најзначајните спортски настани за младите фудбалери во Велес и пошироко.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: