Борец на чекор до Ф4, велешани вечерва за Купот против Сушево

Денеска и утре се играат четвртфиналните натпревари од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција, а вниманието на велешката спортска јавност е насочено кон ГОК Борец, кој во битка за пласман на Ф4 турнирот ќе ги одмери силите со Сушево.

Куп-пресметките се играат во само еден добиен натпревар, што значи дека нема поправен испит – победникот продолжува кон завршниот турнир, поразениот ја завршува приказната. Токму затоа дуелот меѓу Борец и Сушево носи дополнителна тежина и притисок, но и можност велешани да направат значаен исчекор сезонава.

Agria

Во останатите четвртфинални средби кај мажите, ланскиот финалист и актуелен шампион Струмица 47&72 ќе се соочи со Шкендија, додека Работнички 71&22 за противник го има Универзитет во Тетово. Натпреварот во спортската сала „Гемиџии“ започнува во 19 часот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: