Борец низ историјата, велешани по шести пат ќе играат бараж натпревар

Borec Vlazerimi

ФК Борец 1919 АД на 30 мај повторно ќе игра натпревар со огромен влог, а за велешкиот клуб тоа ќе биде шести бараж во поновата македонска фудбалска историја. Низ годините, Борец има и славни моменти и болни порази во ваквите пресметки, но традицијата покажува дека велешани најчесто знаеле да излезат како победници кога било најпотребно.

Zito baner

Првиот бараж Борец го одигра во сезоната 1993/94 за опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Тогаш велешани ремизираа 1:1 против Караорман, а опстанокот го обезбедија по подобро изведување на пенали со 4:3.

Agria

По речиси две децении пауза, во сезоната 2013/14 Борец повторно играше бараж, овојпат за влез во Втората лига. Велешани убедливо го совладаа Кораб со 3:0, со головите на Тодоровски, Чоков и Левков.

Особено драматична беше сезоната 2017/18 кога Борец двапати играше бараж за пласман во Првата лига. Прво, против Гостивар, натпреварот заврши без голови, а Борец славеше на пенали со 5:4. Но, во вториот обид, велешани беа поразени од Победа со 2:1 и не успеаја да обезбедат место меѓу прволигашите.

Последниот бараж Борец го одигра пред две години, во сезоната 2023/24, за враќање во Втората лига. Во возбудлив натпревар велешани го победија Влазними со 3:2. Два гола постигна Пеце Стојанов, а во листата на стрелци се запиша и Александар Јордановски.

Сега, Борец повторно е пред нов предизвик и нова шанса да испише уште една значајна страница во својата богата фудбалска историја.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: