Во рамки на 10. коло од Втората женска одбојкарска лига, екипата на Борец на домашен терен загуби со 1:3 од составот на Јанта волеј – БУТ 2024, во натпревар кој траеше речиси два часа и понуди голема неизвесност.
Велешанки го освоија вториот сет, но пропуштија водство од 23:21 и во првиот и во третиот сет, па гостинките од Скопје успеаја да направат пресврт и да ги добијат сетовите во самата завршница. Неизвесен беше и четвртиот сет, кој заврши со 25:22 во корист на скопската екипа.
По 10 одиграни кола, Борец се наоѓа на шестата позиција на табелата.

















