Борец сигурен на домашен терен, максимални 3:0 против Работнички

Велешкиот одбојкарски колектив уште еднаш покажа дека сезонава не признава компромис кога станува збор за дерби натпревари. Во рамки на Првата одбојкарска лига, Борец славеше убедлива победа од 3:0 против скопски  Работнички, зацврстувајќи се на втората позиција пред стартот на плејоф-разигрувањето.

Гостите од Скопје отворија храбро и во првиот сет имаа сериозна предност од 16:10, најавувајќи можно изненадување. Сепак, велешани брзо ги консолидираа редовите. со поцврста одбрана, подобар прием и поконкретен напад успеаја да направат пресврт и да го добијат сетот со 25:22.

Agria

Во вториот сет Борец веќе ја наметна својата игра. Со константно водство и сигурна реализација, домаќините рутински го затворија сетот со 25:21, контролирајќи го темпото и не дозволувајќи му на противникот да се врати во игра. Третиот сет донесе целосна доминација на велешани. Разигран напад, стабилен блок и мотивирана публика беа доволни за убедливи 25:16 и конечни 3:0 во сетови, резултат што најдобро ја отсликува разликата на теренот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: