Борец жени со победа ја започна сезоната во Втората женска одбојкарска лига

Одбојкарките на Борец жени со победа ја започнаа новата сезона во Втората женска одбојкарска лига, откако на тешкото гостување во Тетово ја совладаа екипата на Шкендија со 2:3 во сетови.

Zito baner

Во неизвесен натпревар против дебитантот во лигата, велешките одбојкарки славеа со 25:19, 16:25, 25:22, 14:25 и 9:15 по сетови.

Agria

Домашната екипа го освои првиот сет, но Борец жени возврати во вториот и израмни на 1:1. По освојувањето на третиот сет од страна на Шкендија, велешките одбојкарки повторно ја презедоа иницијативата, убедливо го добија четвртиот сет и изборија решавачки петти сет.

Во одлучувачкиот сет, Борец жени покажа поголема сигурност и славеше со 9:15, за победнички старт на сезоната и важни бодови од гостувањето во Тетово.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: