БРАКО донираше ЕКГ во болницата во Велес

БРАКО донираше апарат за ЕКГ на Интерното одделение во болницата во Велес, на барање на болницата која се обрати до БРАКО за помош за итна неопходна замена на расипано EKГ, како елементарно неопходно за нормално функционирање на болницата и пружање услуги на пациентите.

Велешката фабрика веднаш излезе во пресрет и ја набави потребната апаратура, 12-канално EKГ според спецификацијата доставена од здравствената институција. При испораката на ЕКГ-то, во име на БРАКО болницата ја посетија Благој Шалев и Ангел Анѓушев, кои заедо со директорот на болницата Александар Бузалков кусо присуствуваа на обуката на персоналот за користење на новата опрема, како и на ставањето во употреба на толку потребниот апарат за пациентите во Велес.

Agria

БРАКО редовно го поддржува градот Велес со повеќе донации и спонзорства согласно потребите на граѓаните, како и други институции надвор од Велес. Што се однесува до здравството, БРАКО опреми со медицински мебел од сопствено производство еден кат на Абдоменална хирургија во Клиниката за Хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје, додека  на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје донираше медицински мебел за Ургентниот центар, а во моментов се изработува медицински мебел за Клиниката за Тораковаскуларна хирургија за донација преку ФЕРОИНВЕСТ.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: