Бутел со „стотка“ го сопре Борец Баскет и го испрати на четвртото место

Бутел одигра моќен натпревар и со убедлива победа против Борец Баскет ја прекина победничката серија на велешани во рамки на 12. коло. Пред своите гледачи, кошаркарите на Бутел постигнаа дури 100 поени, доволни за декласирање на директниот конкурент и скок на делба на третата позиција на табелата во групата „Б“.

Двата тима сега имаат идентичен скор од седум победи и три порази, но Бутел е во предност поради подобриот кош-количник. Клучна за исходот беше последната четвртина, во која домашните направија серија од 35:17 и практично го решија победникот за конечни 100:73, испраќајќи јасна порака во пресрет на доигрувањето и борбата за полесен ривал.

Agria

Кај Борец Баскет, најрасположен беше Американецот Елис со 26 поени, додека Петровски постигна 12, а Сапроновски додаде 10 поени, недоволни за да се избегне поразот во овој важен дуел.

Како вистински погодок се покажа зимското засилување Марјан Јанески. Искуcниот кошаркар на своето деби во дресот на Бутел беше и најефикасен на теренот со 25 поени. Одлична поддршка имаше од Атанасов со 20 поени, Киров со 18, Лазаревски со 14 и Мартиновски со 10 поени.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: